Улицата Карпош Војвода и понатака најопасна за пешаците
Улицата Карпош Војвода и понатака најопасна за пешаците.
На охридските улици има повеќе критични точки каде што е загрозена безбедноста на пешаците, информира Цане Георгиески, претседател на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот. Според нивните анализи и понатака како најопасна за пешаците ја посочуваат улицата Карпош Војвода. Иако, навидум делува како добро регулирана и прегледна улица, возачите не ја почитува брзината и најмногу страдаат пешаците, од кои повеќето се деца, кажува Георгиески. Од општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот предлагале решенија за подобрување на состојбите.
Прeдложиле поставување на уреди за смирување на сообраќајот и заштитни огради на троторите од каде што излегуваат децата. Георгиески вели соработка и слух со надлежните институции има ама нема финансии за реализација на предложените решенија.
„Факт е дека сме во оскудица со средства како оштина за било која изведба , тротоари или уреди за смирување на брзината кои чинат , но ние мора да вложиме напори да се направат, неможе да измериме колку чини човечкиот живот , од тој аспект ние доцниме досега“, укажува Георгиески.
Покрај Карпош Војвода, како небезбедни улици за пешаците, Георгиески ги набројува и Абас Емин, 7 -ми Ноември, Марко Нестороски, Гоце Делчев, Македонска Ударна бригада и улиците кои се приклучуваат на Булевар Железничка. Повеќето од овие улиците се без тротоари за движење на пешаците. Георгиески очекува критичните точки на охридските улици да бидат донекаде решени со Сообраќајната студија која треба да ја изготви градот.
„ Сообраќајната студија ќе помогне и ќе даде некои решенија за изградба или доизградба на некоја улица или поврзување на некои улици со кои ќе се обезбеди непречен проток на сообраќајот. Самата студија нема да даде идеални сообраќајни решенија за поглема безбедност со затекната инфраструктура,но ќе има прогрес. Сепак безбедноста најмногу ќе зависи од тоа како ние ќе се однесуваме во сообраќајот“, подвлекува Георгиески.
Во контекс на зголемување на сообраќајната култура и дисциплина Георгиески очекува позитивни ефекти од предложените нови измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Смета дека норамтивните и казнените одредби ќе придонесат за побезбедно да се одвива собраќајот и на градските улици.
{loadposition content9}