Skip to main content

Ти си твојот град

Улицата Кленоец повторно под вода и фекалии

Повторно се соочуваме со проблем на улицата Кленоец. Дождот повторно ја преполна улицата, шахтите се излеваа, велат жителите за ТСТГ.
Поплава Кленоец

Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од Христијан Атанасов. Тој вели дека дождот кој заврна во текот на вчерашниот ден повторно го однесе целото ѓубре во нивните дворови. Ова е неговиот коментар:

Повторно се соочуваме со проблем на улицата Кленоец. Дождот повторно ја преполна улицата, шахтите се излеваа. На сликите можат да се видат и фекалии по патот. Цела вода и ѓубре доаѓа во нашите дворови. Надлежните сеуште не преземаат ништо – вели Атанасов за „Ти си твојот град“.

Поплава Кленоец
Поплава Кленоец
Поплава Кленоец