Започнаа активности за целосно уредување на улиците во населбата Бараки во Охрид, со што овој дел од градот треба да добие поуреден и побезбеден изглед.
-Посветено работиме на подобрување на инфраструктурата за побезбеден и полесен сообраќај за сите граѓани. Продолжуваме со исто темпо и во наредниот период, вели градоначалникот Пецаков.


Акцијата е дел од пошироките напори на локалната самоуправа за подобрување на комуналната инфраструктура и создавање пофункционални улици за граѓаните.