Skip to main content

Уличната уметност пристигна и во Охрид

Еден од ѕидовите на Центарот за култура „Григор Прличев“ деновиве беше украсен со интересен мурал од двајцата бугарски уметници Викторија Георгиева и Николај Божинов.

 |  Мишел Наумоски  | 
mural
мурал

Охрид обземен од уличната уметност. Благодарение на двајцата уметници од Бугарија Николај Божинов и Викторија Георгиева, нашиот град стана дел од нивниот балкански караван за сликање на мурали. Своето дело тие го насликаа на еден од ѕидовите од Центарот за култура „Григор Прличев“.

mural centar za kulturaВелат дека се среќни што имаат можност да насликаат една ваква творба токму во нашиот град и благодарни на Центарот за културен проток Артерија од Охрид на чија покана гостуваат во градов.

„На почеток најтешко ни беше да ја направиме композицијата по скица и да ја префрлиме на ѕидот во поинаква големина. Потоа веќе се е лесно. Го направивме за еден ден. Најмногу децата се радуваа, возрасните имаа некаква воздржаност, не можам да ги разберам, така е и во Бугарија, така е и насекаде, но малите деца секогаш се радуваат, викаа леле, прекрасно е.“-вели уметнико Николај Божинов.

Николај овој мурал го изработил заедно со Викторија Георгиева. Покрај овој стрит арт, Викторија во нашиот град е присутна и поради нејзината изложба на слики поставена во Куќата на Робевци.

mural umetnici Bugarija„Изложбата се отвори на 13ти јуни и ќе биде до 26ти јуни во Куќата на Робевци. Ќе ми биде мило ако ја посетите. Таму се изложени 16 мои платна, живописи создадени во текот на изминативе две години. Техниката која ја користев специјално за нив е маслени бои на платно, темите на кои работев се имагинарни и создадени како некој надреализам кој има најголемо влијание врз мене.“-рече уметникот Викторија Георгиева.

Овие двајца уметници од Бугарија себеси се нарекуваат сонувачи по душа. Велат дека се заробени во балканските митови, традиционални верувања и етнологија и токму преку муралите кои ги цртаат повторно го отвораат патот кон заборавените митови. 

Инаку уличната уметност или стрит артот привлекува посебно внимание последниве години особено преку познатиот англиски уличен уметник Бенкси.

{loadposition content9}