Skip to main content

УХМР

Умерено облачно, попладне дожд и максимална температура до 20 степени

Ќе има услови за краткотрајно невреме.
 |  инфодеск  | 
облаци над езеро
hdr

Времето денеска во Македонија променливо облачно, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, поинтензивни електрични празнења и изолирана појава на град.

Во Охрид претпладне умерено облачно, попладне ќе биде нестабилно со дожд, грмежи, засилен ветер. Ќе има услови за краткотрајно невреме. Утринската температура до 11 степени, а максималната дневна до 20 степени целзјусови.

Во следните денови во Македонија времето во претпладневните часови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.