Skip to main content

Умерено со храната и алкохолот за најлудата ноќ

Охрид за Новогодишните и Божиќните празници комплетно ќе биде покриен со медицинска заштита. И годинава интерно одделение при општа болница Охрид како и Итната медицинска помош на граѓаните на располагање ќе им бидат 24/7.

 |  Николоска Биљана  | 



За новогодишните празници Општа болница Охрид и Итната медицинска помош ќе работат 24 часа. Медицинскиот персонал на охриѓани и на гостите кои во случај да имаат потреба од медицинска ургенција им стои на располагање нон стоп, вели раководителот на Итната медицинска помош д-р Горан Симјановски. Тој нагласи дека вечерва од 20 до 08 часот наутро ќе рабти и итната стоматологија во рамки на Здравствен дом Охрид.

„Во овие празнични денови бидејќи матичните лекари не работат нашата дежурна служба за сите оние на кои им треба помош е отворена. Не само за граѓаните на Охрид туку и за туристите и гостите кои ќе бидат во нашиот град за време на Новогодишните празници. Имаме зголемена приправност со ангажирање на дополнителни медицински тимовци доколку се наложи потреба“- изјави д-р Симјаноски.

Симјаноски за дочекот на најлудата ноќ препорачува топла облека, умерено конзумирање храна и алкохол. Ова се однесува на оние кои решиле новогодишната ноќ да ја поминат под отворено небо. Исто така д-р Симјаноски нагласи младите да не користат пиротехнички материјали кои предизвикуваат повреди. Со полна пареа и екипиран медицински персонал ќе работи интерно одделение од Охрид, пренесува д-р Лилјана Ангелеска. Таа категорична младите да не мешаат разни видови на алкохол бидејќи тоа прави голем проблем воопшто на цел организам.

„За Новогодишниве и останатите празници интерно одделение ќе работи 24 часа. Ќе имаме припомош од плус еден доктор дење така што ќе се работи со зголемен персонал и совет е посебно младите да не конзумираат алкохол а возрасните да внимаваат со храната за да нема проблеми“-вели д-р Ангелеска.

Ангелеска советува доколку се јави некој здравствен проблем за време на празниците, пациентите најпрво да се обратат до Итната медицинска помош, бидејќи искуствата од претходните години зборувале дека голем дел од пациентите прво се јавуваат во интерно одделение, наместо во брза помош.