Skip to main content

Уметничката страна на шишарките

Несекојдневна изложба на слики изработени од шишарки.

 |  Мишел Наумоски  | 
lebed
лебед

Во уметноста навистина нема граници. Ако се сомневавте во ова, можеби ќе успее да ве разубеди невообичаената изложба на слики која вчера беше поставена во центарот за култура „Григор Прличев“. „Скаменети шишарки“ е насловот на оваа интересна изложба.

Daniela IlieskaТокму така, добро слушнавте, сите триесет и една слика кои авторот Даниела Илиеска ги изработила, се направени од борови шишарки.

„Јас шишарките не ги имав во предвид дека ќе ги направам во слика. Природата ни е најголемиот уметник на нашето постоење. Таа ни дава слики кои не ги гледаме. Повеќепати сме шетале покрај парк, покрај борови шуми, сме забележале шишарки забодени во калта кои не повикуваат да бидат некоја слика. Јас ги забележав нив и оттогаш кога ги видов ми дојде идеја да направам слика со шишарки во гипс.“-вели авторката Даниела Илиеска.

Како основен материјал за изработување на овие слики, Илиеска ги користи шишарките, но и гранчиња и други природни материјали. Со гипсот им дава цврстина, а ги бои со посебни бои за дрво со цел да не се распаѓаат. Но освен нивниот невообичаен изглед, овие шишарки кријат и една посебна карактеристика.

ziva slika„За сликата цвеќиња во вазна, значи тие се како цветови. Во топло се отвораат, расцутуваат, а во ладно се собираат. За другиве шишарки немам забележано ама за овие точно забележав дека расцветуваат во вазната.“-рече Илиеска.

Оваа изложба Илиеска ја подготвувала само три месеци. Вели ги имав идеите, знаев како да ги поставам шишарките, а за сликите брзо ми одеше. Таа изработувала дури по 4 слики дневно.

Инаку ова е нејзина прва изложба, а во иднина сака да продолжи со изработка на скулптури од шишарки. Покрај овие слики, таа има изработено и слики од школки кои вели дека ќе бидат дел од нејзината следна изложба.

{loadposition content9}