Уметност преточена на велигденските јајца
Велигденските јајца украсени со љубов и уметност. Денес охриѓани имаа можност да видат како велигденските јајца се украсуваат и бојадисуваат во Русија.
Уметност преточена на велигденските јајца. Денес охриѓани имаа можност да видат како велигденските јајца се украсуваат и бојадисуваат во Русија, земјата лулка на православието. Тие беа воодушевени од начинот на шарање јајца со восок и посакаа да научат повеќе за таа техника и да ја испробаат и дома. Во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ Охрид се одржа настан за историјатот на украсување и бојадисување на Велигденски јајца во Русија на кој присуствуваше и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид проф. д-р Велимир Стојковски.
Преку овој настан сакаме да ја пренесеме пораката дека двата народи се многу блиски, дека не сврзува припадноста кон православието и кон заедничките историски корени и дека македонскиот народ и рускиот народ сде два цивилизациски народи кои што се длабоко вткаени во светските цивлизциски придобивки, вели почесниот конзул на Руската Федерација.
Во рамки на оваа активност посветена на празникот Велигден, посетителите имаа можност да слушнат предавање за историјата и современите тенденции на уметноста на украсување на јајца, а исто така можеа да земат учество во работилницата за уметничко украсување на декоративни велигденски јајца. Нашите православни традиции се многу слични, но има и разлики кои прават да се уште поинтересни, рече рече Елена Бухова, соработник на рускиот конзулат.
Во Русија има два вида на боење на јајца. Едниот се вика крашалка и тоа е кога јајцата само се бојадисуваат, а другиот е писанка кога јајцата се шараат со восок па се бојдисуваат во неколку бои. Тоа е посевбна техника која е многу стара но е многу убава и преставува вистинска уметност, рече Бухова.
Со ваквите настани се зголемува соработката меѓу двата народи и се добиваат повеќе информации за традицијата во двете земји, рекоа присутните.