Skip to main content

УНЕСКО ќе одлучува за Охридскиот регион, Владата бара дополнителни 6 години за исполнување на препораките

Во Бусан, Јужна Кореја, денеска започнува 48. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, која ќе трае до 29 јули. На 22 јули на дневен ред ќе биде разгледуван извештајот за состојбата на Охридскиот регион и нацрт-одлуката тој да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност.
 |  инфодеск  | 

Бараме од УНЕСКО период од шест години во којшто сите забелешки кои се констатирани од минатото за Охридскиот регион ќе можеме да ги исправиме, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски, при работната посета на Општина Дебрца.

Ова доаѓа во очи на почетокот на 48-та сесија на Комитетот за светско наследство што започнува денеска во Бусан, Јужна Кореја и ќе трае до 29 јули. Разгледувањето на извештајот на советодавните тела на УНЕСКО и нацрт – одлуката за Охридскиот регион да се стави на листа на универзални вредности во опасност на агендата се на 22 јули.

-Ќе видиме сега што ќе биде заклучокот и што ќе добиеме. Ние бараме шест години, период во којшто тоа што било констатирано како недостаток, односно пробблем од минатото ќе го исправиме. Не можеме едноставно за две години да исправиме нешто што е три и пол децении расипувано, а во овој случај богами и малку повеќе, кога станува збор за дивоградбите и за сето тоа коешто е правено покрај Охридското крајбрежје. Така што, ние побаравме, ги аргументиравме нашите позиции, ги претставивме нашите аргументи. Останува на УНЕСКО да одлучи, рече Мицкоски.

Дополнителната година неискористена, УНЕСКО повторно предлага Охридскиот Регион да се најде на Листата светско наследство во опасност | Портал ТВМ