Skip to main content

УНЕСКО го прогласи регионот Охрид-Преспа за биосферен резерват

Стручниот Комитет на УНЕСКО разгледувајќи ја Номинационата Форма за прогласување на Охрид Преспа за Биосферен резерват даде ПРЕПОРАКА и ОДОБРЕНИЕ до Интернационалниот Совет на УНЕСКО, да го прогласи македонскиот и албанскиот дел на регионот Охрид Преспа за Биосферен резерват заради неговото уникатно значење и вредности кои ги содржи.

 |  Голабовски Крсте  | 
galicica
галичица

Стручниот Комитет на УНЕСКО разгледувајќи ја Номинационата Форма за прогласување на Охрид Преспа за Биосферен резерват даде ПРЕПОРАКА и ОДОБРЕНИЕ до Интернационалниот Совет на УНЕСКО, да го прогласи македонскиот и албанскиот дел на регионот Охрид Преспа за Биосферен резерват заради неговото уникатно значење и вредности кои ги содржи.

prespaСтручниот Комитет исто така препорача во моментот штом грчката страна изрази волја да се приклучи кон Биосферниот резерват веднаш да стане дел од Прекуграничниот Биосферен резерват.

– Првата вредност на оваа одлука е што Стручниот Комитет на УНЕСКО го одобрува Номинациониот Акт на кој долго се работеше. Ова е создавање на нова вредност на нашиот уникатен регион, ова е создавање на нови можности за промоција на природните вредности и ставање на истите како силна позиција за туристичка промоција и економски развој. Ова воедно е признание на еден долгогодишен труд  на заедничкото управување со природните ресурси. Во рамките на овој процес се формирани и МАБ комитетите во Македонија и Албанија и е создадена кохезија со Националните комисии на УНЕСКО.  На пат сме да создадеме нешто од кое бенефит ќе имаат не само оваа туку генерациите после нас. –изјави  Дејан Пановски во име на  Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридско езеро кој е институционален носител на активноста

Интернационалниот Совет на УНЕСКО својата седница на која на дневен ред е прогласувањето на Охрид Преспа за биосферен резерват ќе ја одржи на 10 и 11 Јуни во Јонкепинг во Шведска.

{loadposition content9}