Уникатноста на црквите и градбите од Дебрца претставени пред охриѓани
Уникатноста на црквите и градбите од Дебрца претставени пред охриѓани.
Во јавноста многу малку е познат фактот дека и дел од Дебрца е ставен под заштита на Унеско. На овој простор има голем број цркви и манастири кои долго време се истражувани од охридските историчари на уметност. Научно истражувачката работа тим од Завод и Музеј резултираше со изложба од истражувањата на терен. Внатрешноста на овие сакрални објекти се исполенти со велелепни фрескоживописи и иконографија што зборува за умешноста и генијалноста на македонските зоографи, вели Гоце Ангеличин Жура, историчар на уметност од охридскито Завод и Музеј. Жура во соработка со колегите, Јорданка Матова, етнологот м-р Марија Каневче, Весна Наумоска и архитект Горан Патчев, работеле во пределите на Дебрца. Има стари и значајни храмови во повеќе села низ Дебрца, напоменува Жура. Ги наведува црквите во Велмеј, Песочан, Годивје, Слатино и во останатите 15 -тина села од Дебрца. Во многу од нив има уникатни живописи и како едни од позначајните ги напоменува оние во Злести и Велмеј.
„ Тоа се, црквата посветена на Св. Богородица од времето на Климент и Наум од 9 -1о век, кај Злести. Интересна е Св. Никола, од тоа време, во живописна средина. Во Велмеј постои црква посветена на заштитникот на водите Св. Никола. Над јужната врата, во полукружна лонета се наоѓа единствена претстава на Св. Богородица, со малиот Христос кој на левото уво носи наушница и потекнува од 13 век.“
Покрај сакралните објекти тимот ги истражувал и профаните градби. Селата во Дебрца се карактеризираат со една висока рурална архитектрура препознатлива за селата во Западна Македонија, укажува архитектот Горан Патчев.
„ Многу малку се останати автентични објекти, а многу се интересни. Тие што се останати автентични се руинирани. Ова нека е и апел да се води повеќе грижа за тој дел и како поддршка за руралниот развој“
Изложбата може да се поглед во просториите на куќата на Уранија, а е дел од 2 годишното научно истражување и патешествие низ општина Дебрца. Авторите на изложбата кажаа дека претставиле само еден мал дел од целиот матреијал во вид на пишуван материјал, слики, скици, видео и аудио записи.
{loadposition content9}