Skip to main content

Уништен овоштарник во Трпејца

Инцидент во Трпејца. Уништен овоштарник и отруен домашниот миленик.

 |  Маленкова Татјана  | 
овоски Трпејца
ovoski Trpejca


Инцидент во Трпејца. Ристо Климоски остана без својот овоштарник, откако непознати сторители во саботата навечер ги исeкле стеблата од овоштарникот и го отруле кучето кое го чувало  имотот.

„Дојдав да ги повадам овошките. Кога видов што ми е направени ми падна токлу тешко по што ги известив ovostarnik Trpejca одма надлежните. Се јавив во полиција. Штетатат замене е огромна. Милион да ми дадете е малку. Мене не ми беше за пари туку за рекреација. Но тоа што се стори се стори, сега нема што да се прави.Имав и едно куче, убаво големо  и тоа денеска е пцовисано, германски овчар, отруено е“, вели сопственикот на овоштарникот Ристо Климоски.

Мештаните на Трпејца се сомневаат дека овој инцедент е резултат на спорот кој го имаат со сопственикот на дивоградбата ИВИРЕ на кого пред неколку денови државниот инспекторат му урна еден од дивите објекти изградени на самиот езерски брег.

„Деновиве продолжија притисоците врз членовите на одборот на Месната заедница. Вчера во поседот на нивата на Ристо Климоски непознат сторител пресекол на 40 тина овошни стебла од сливи, бадем, цреши и праски. Постои сомнеж дека тоа е одмазда за неговиот ангажман околу рушењето на дивите градби на ИВИРЕ. Полицијата извши увид и се надевма дека сторителите ќе бидат фатени и казнети“, вели претсавник на МЗ Пере Ангелоски.

Сопственикот на овоштарникот Климоски е крајно разочаран од овој немил настан, но сепак се надева дека вистината ќе излезе на виделина и сторителот ќе плати за она што го сторил.

„Претпоставувам дека ова се се случи поради дивите градби на сопственикот. Зошто ова не се сучи пред ovostarnik Trpejcaнедела, две, пет туку сега…  Доколку повторно нешто с еобидат да направат ни ние нама да бидеме безмслосни“, додава Климоски.

Настанот го потврди и портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски. Тој кажа дека инцидентот во СВР го пријавил лично сопственикот на овоштарникот Климоски вчера во 08.00 часот. Димоски потенцираше дека по пријавувањето, увидна екипа на секторот веднаш излегла на терен по што констатирала дека сторителот делото го сторил ноќта помеѓу 20.00 часот во саботата и 09.00 во неделата. Од СВР додаваат дека 36 садници слива, 4 садници цреша и 4 дрвја праска, со созреани плодови  биле исечени со оштар предмет.
Димоски додава дека екипата на СВР од лице место регистрирала траги и собрала матријали кои треба да помогнат во откривање на сторителот. Денеска веќе биле направени анализи и споредби на трагите.
СВР деновиве треба да обелодени во кој правец оди истрагата.    


Инцидентот во Трпејца денеска го осудија и пратениците од ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски и Харалампие Шокароски.
Во дописот кој го истратија стои:
Би сакале најостро да го осудиме инцидентот кој што овој викенд се случи во с. Трпејца, во кој што целосно беше уништен овоштарникот на г-дин Ристо Климоски. Г-дин Ристо Климоски беше еден од водачите на Месната Заедница во с. Трпејца која што реагираше за неспроведувањето на Одлуката на Општина Охрид за рушење на дивоградениот објект на фирмата Ив-Ире!
Би сакале да ги повикаме институциите на системот да ги откријат сторителите на овој гнасен чин и најостро да ги казнат. Во исто време не би сакале да веруваме дека овој настан е поврзан со случувањата за дивоградбата на фирмата Ив-Ире.

{loadposition content9}