Skip to main content

Уништени столбчиња на Туристичка и Железничка

Нека не ве изненади појавата ако некое возило посебно такси возилата влетаат непрописно во вашата насока на движење на бул Туристичка и Железничка. На  делови од овие два булевари уништени се бетонските столбчиња, а тоа го злоупотребуваат некои несовесни возачи.

 |  Николоска Биљана  | 
stubcinja
стубчиња

 

stubcinjaДел од столбчињата на бул. Туристичка и бул. Железничка се уништени. Тоа го злоупотребуваат дел од охридските таксисти. Речиси секое утро или во вечерните часови охридските таксисти преминуваат преку пешачките острови од една на друга страна на бул Туристичка.
Ваквата појава ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот. Од Локалната самоуправа веќе се запознати со проблемот. Портпаролот Томе Џамтоски вели дека сообраќајната полиција треба да преземе мерки за прекршителите на сообраќаните правила во тој дел. Додека пак она што е во надлежност на Секторот за улици и патишта при Локалната, од таму ветуваат дека наскоро ќе го средат.

„Факт е дека Локалната ги антиципира овие две ситуации на двата булевари, уште во текот на наредните два дена ќе бидат санирани тротоарите оние прегледни столбчиња ќе бидат поставени нови кои веројатно ќе биде потешко да се скршат или оштетат а и полесно ќе може да се манипулира со нив за одредени ситуации, да може тука да помине возило од брза помош или некои непредвидени ситуации“.

stubcinjaПодолго време на пресекот на бул Туристичка со ул Македонски просветители не функционираат и тајмерите на семафорите. Возачите упатуваат забелешки за ваквата состојба и бараат поголема одговорност од надлежните. Џамтоски нагласува дека и оваа состојба им била добро позната и дека работат во насока на надминување и на овој проблем.

„Факт е дека дел од тие семафори се оштетени. Во текот на вчерашниот ден екипи на Секторот сообраќај и улици излегоа и го доведоа во ред еден од семафорите кој воопшто не работеше, знаеме дека со тајмерите имаме проблем меѓутоа можам да најавам дека во наредните денови тајмерите ќе ги доведеме во ред но ова е привремено решение“.

Според најавите на Џамтоски вертикалната сигнализација, семафорите заедно со тајмерите ќе заминат во историјата на градот, бидејќи до почетокот на туристичктата сезона охриѓани можат да го очекуваат новото сообраќајно решение односно современиот кружен тек кој во многу треба да го олесни движењето и на возилата и на пешаците.

{loadposition content9}