Се уништуваат „Лежечките полицајци“ во Охрид
Поголем дел од успорувачите на брзина на територијата на општина Охрид се уништени. Тие се мета на вандалско однесување на несовесни поединци. Од Локалната прават напори истите да бидат санирани и апелираат да се престане со нивното уништување поради безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Појавата на уништување на сообраќајната сигнализација низ охридските улици, загрижувачка. Тие се предмет на вандалско однесување на несовесни поединци. Речиси и да не постои успорувач на брзина или народно кажано лежечки полицаец во градов кој е во добра состојба. На места фалат делови, а има и такви улици каде успорувачите се целосно откорнати. Ваквата состојба не ги задоволува стандардите за безбеден сообраќај, велат граѓаните.
Овој проблем добро им е познат и во Секторот за комунални дејности сообраќај и патишта при општина Охрид. Љупчо Танески од овој сектор вели дека факт е дека сите успорувачи на брзина на територијата на општина Охрид во помала или поголема мера се уништени. Додава дека преземаат мерки за нивно санирање.
„Тоа е појава која многу често се случува ќе го искористам вашиот медиум за да упатам еден апел до несовесните да престаната со уништување бидејќи тоа преставува безбедност на сите учесници во сообраќајот и товар на оштинскиот буџет бидејќи знаеме какви се финансиските услови со кој што располагаме во општината“ – рече Танески.
Тој нагласи дека за реализација на Програмата за поставување и изградба на патна сигнализација, предвидени биле 4 милиони денари, од нив 300 000 денари се за ставката за поставување на успорувачи на брзина. Додаде, дека од тие средства се поставувале нови и се сервисирале уништените. Танески најави дека годинава планирале на неколку нови улици да постават успорувачи на брзина меѓу е и ул. Карпош Војвода, која важи за небезбедна улица на која брзо се вози а тука има голема фрекфенција на луѓе посебно деца.
„Буквално тешко постигнуваме да се осврнеме на поставување на нови бидејќи постојано се случуваат проблеми со тековните. Знаете согласно Законот за безбедност должна е општината да постави на сите фрекфентни улици посебно на оние каде што се наоѓаат основни училишта градинки и сл установи кои се посетени од деца“ – вели Танески.
Поради фактот дека патната сигнализација немилосрдно се уништува, сега за сега општината не може да си дозволи осовременување на истата, потенцира Танески.
{loadposition content9}