Skip to main content

Бруцоши

УИНТ Св. Апостол Павле ја започна академската година

Свечен почеток на новата академска 2022/2023 година. Зголемен е интересот на студентите за сите студиски програми, а особено пораст е изразен на факултетот за компјутерски науки и инженерство.
 |  инфодеск  | 
УИНТ Св. Апостол Павле

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ свеченото ја започна новата академска 2022/2023 година. Унверзитетот составен од 5 факултети и еден центар за дигитална уметност денеска ги подели инедксите на новите студенти. Еден од бруцошите е и Енрико Митре кој очекува да се стекне со знаење и вештини со цел по завршување на студиите да основа своја компанија.

Се имам запишано на Факултетот за компјутерски науки и инженерство, моја желба беше да стекнам нови знаења на овој факултет и да станам комјутерски програмер понатаму.“, вели Енрико Митре, бруцуш на УИНТ „Св.Апостол Павле“.

Универзитетот нуди квалитетни студиски програми, тоа е единствен државен универзитет на кој наставата се одвива исклучително на Англиски јазик, составен од професионален кадар со помош на кој очекуваме новите бруцоши лесно да ги совладаат вештините во областа на комјутерските науки и кодирањето, кажа Проф.д-р Иван Бимбилоски ректор на универзитетот. Тој ги поздрави новите студенти и истакна дека е среќен што нивните интензивирани ангажмани се нашироко препознаени.

Оваа година бележиме пораст на сите насоки, студентски програми и факултети, а тој пораст е особено изразен на факултетот за компјутерски науки и инженерство каде што порастот бележи околу 50% во однос на претходните години, вкупно на ниво на Универзитет бележиме пораст од над 30% од студентите.“, кажа Проф.д-р Иван Бимбилоски ректор УИНТ „Св. Апостол Павле“.

Со оглед дека живееме во дигитален свет со многу предизвици во кој информациите се пренесуваат со брзина на светлината, сте направиле вистински избор што сте одлучиле да се запишете на Универзитетот за информатички науки и технологии кажа градоначалникот Кирил Пецаков посочувајќи дека Локалната самоуправа со Универзитетот неодамна склучи меморандум за соработа.

Токму вие драги студенти со изборот на овој универзитет очекувам да бидете идни креатори на нашето напредно македонско општество. Затоа мили мои впивајте знаења кои ќе ги практикувате во развојот на нашата татковина. Ние заедно со менаџерскиот тим на универзитетот ќе работиме на подобрување на условите за вашето високо образование. А како локална власт ќе го поддржиме секој добар проект кој е во ваша и во полза на општествениот развој.“, истакна Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид

Новозапишанте студенти своите права ќе можат да ги остварат преку универзитетското студентско собрание, а Изабела Митреска од факултетско студентско собрание очекува да се вклучат во поттикнување студентски активности и надвор од наставниот процес.

За да допре гласот на студентите ние ќе организираме огромен број активности со цел студентите подобро да чекорат кон своите цели, да не се склони само кон учењето, сепак со тие спортски активности да ги мотивираме за понатака.“ смета Изабела Митреска, факултетско студентско собрание.

Информациската технологија треба да биде генератор на економскиот раст во државата. Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ се позиционира како носител на тие промени.