Skip to main content

Свр охрид

Управувале возило под дејство на алкохол

При спроведени акциски контроли, санкционирани се тројца возачи во Охрид кои управувале возило под дејство на алкохол. Казнети се и 7 пешаци.
 |  инфодеск  | 
тест за алкохол на возач

На 09/10.04.2022 година од 22 до 04 часот, спроведени се акциски контроли.

Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале вкупно 13 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-02, Кичево-08). Во Охрид, 7 пешаци се затекнати при преминување коловоз на необележан пешачки премин. Против нив, поднесени се прекршочни платни налози – информираат од СВР Охрид.