На 21/22.05.2022 година полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, извршија контрола на моторни возила.
Притоа констатираа дека 6 возачи, управувале моторно возило под дејство на алкохол. Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информираат од СВР Охрид.