Вандали повторно ја демолираат урбаната опрема во градскиот парк. Превртени се и уништени клупите најверојатно од страна на млади луѓе кои под дејство на алкохол во вечерните часови вршат уништување на клупите кои се потреба за сите граѓани.
Како Јавно претпријатие продолжуваме со акцијата за санирање на оштетените клупи и повторно АПЕЛИРАМЕ да се подигне свеста кај несовесните граѓани кои ги уништуваат јавните добра – велат од ЈП „Градски Пазар“ Охрид.