Урбано дивеење низ Охрид
На кого му пречи епитетот „Најчист град во Македонија“ кој Охрид со гордост го носи?Викендов можевме да бидеме сведоци на вистинско дивеење низ улиците во Охрид и уништување на урбаната опрема, кое овој пат ги надмина сите граници на цивилизирано однесување и сите прагови на толеранција.

Не поминаа неколку месеци откако се поставени новите садови за ситен отпад со модерен дизајн, викенддов речиси сите се откорнати и оштетени по градскиот кеј и по ул.„Македонски Просветители„. Исто така контејнерите по ул.„Кеј Македонија„ , „АСНОМ„ , „Булевар Туристичка“, „Егејска“, „7-ми Ноември“ и „Македонски Просветители“ се превртени, а ѓубрето останало расфрлано по коловозот, тревните површини и пешачките патеки.
Сликите сами зборуваат за состојбата која ја затекнаа службите на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, кои наликуваат на некој хорор филм. Оштетените корпи се повлечени, од јавното претпријатие велат дека ќе се направат обиди да се санираат реквизитите, а контејнерите веќе се вратени во првобитна положба и отпадот е расчистен.