Акција за чистење
Уредени локациите каде што ќе се одбележува јубилејот 130 години од смртта на Прличев
Интервенирано е кај спомен-куќата на Прличев, гробот во близина на црквата Св. Богородица-Перивлепта, бистата пред НУ Библиотека „Григор Прличев”.
Уредени локациите каде ќе се одржуваат програмските активности за одбележување на јубилејот 130 години од смртта на Григор Прличев.
Оперативните служби спроведоа вонредни активности за чистење, метење и хортикултурно уредување на локации каде ќе се одбележува јубилејот. Интервенирано е кај спомен-куќата на Прличев, гробот во близина на црквата Св. Богородица-Перивлепта, бистата пред НУ Библиотека „Григор Прличев” – информираат од Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“.




