Skip to main content

Ќе се уреди вечното почивалиште на Д-р Елена Kаваева

Конечно ќе се уреди вечното почивалиште на заслужната докторка Елена Каваева. Старателството на нејзиното гробно место, со одлука на Совет го презеде Локалната самоуправа на Охрид, додека пак спомен обележјето, односно поставување на плоча со посвета и одржување на истото е на терет на ЈП „Градски Гробишта.“

 |  Николоска Биљана  | 
kavaeva
каваева

odluka kavaevaОхрид се одолжува на д-р Елена Каваева. Нејзиното вечно почивалиште доби старател, односно Локалната самоуправа на општина Охрид. Истовремено ЈП „Градски Гробишта“ со средства од нивниот буџет, веќе отпочна со средување на нејзиното гробно место, како што изјави првиот човек на ЈП Зоран Симоноски.

„Ние пред неколку дена добивме барање за постапување од Локалната самоуправа односно од градоначалникот Бакрачески, по кое што барање ќе постапиме тоа барање е поткрепено со одлука за преземање на старатрелството на вечното почивалиште на Др Елена Каваева. Старателството врз тоа гробно место го презема општината а се што се бара изработка на спомен обележје ние во многу краток рок ќе ја завршиме работата“ – вели Симоноски.

kavaevaДеталите околу изгледот на спомен обележјето сеуште не се познати. Симоноски нагласува дека сеуште се прецизираат деталите околу посветата и на тоа не работат сами, туку за таа цел во општина Охрид веќе е формирана Комисија.

„Тоа подразбира да се постави една плоча со некој помен текст по мое, кој што текст го спремаме заедно со Локалната Самоуправа и кој што за ден два ќе го имаме добиено и ние ќе постапиме по барањето“ – изјави Симоноски.

Д-р Елена Етингер Каваева важи за еден од основоположниците на здравствената заштита и педијатријата во охридско-струшкиот крај. Д-р Каваева е основачот на „Маларична“,  а во  1947 година станува шеф на првиот детски диспанзер во Охрид. Како што е познато таа педесет години од својот живот работела како лекар и спасила многу животи на граѓаните на Охрид. Досега немаше спомен обележје или паметник кој младите генерации ќе ги потсетува на нејзиното хумано дело.

{loadposition content9}