Спортските риболовци против, каналот да се претвори во инпровизирана марина
Наместо пристаниште за пловни објекти каналот да се заштити, велат од ЗРР Св.„Апостол Петар“.
Едниот брег од каналот Студенчишта кој и припаѓа на локалната самоуправа ќе се уредува најави неодамна првиот човек на Капетанијата на пристаништата. Капетанот Горан Устијаноски вели дека на една страна од каналот, која и припаѓа на општината ќе се изгради инфраструктура за прифаќање на пловните објекти. Просторот ќе се уреди и заштити и тука за одреден надомест ќе може да се чуваат безбедно пловните објекти.
Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид е против овој проект на Локалната самоуправа.„Новиот проект на локалната самоуправа за изградба на инфраструктура за прифаќање на пловни објекти нема да го реши хаосот на каналот, само ќе допринесе да се одолговлечи работата за изградба на марина и ќе допринесе за доуништување на каналот Студенчишта“, вели претседателот на Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар, Радован Димитриески.
„Пред се затоа што ова е изворска вода, овој канал не е ископан прокопан мора да добие третман како изворите во Св Наум. Затоа бараме да се тргнат овие кршови и пловила и овде да се додадат други содржини како на пример да се изгради аквариум на вода со музеј каде ќе бидат преставени во жива состојба целата флора и фауна на охридското езеро каде што секој гостин што ќе дојде ќе може да го види живиот свет на охридското езеро, а добивме и фрапантни податоци по извршена анкета на средношколците замислете 98 % од нив не ги познаваат рибите кои живеат во охридско езеро а 90 % не знаат да разликуваат крап од пастрмка“, вели Радован Димитриески, претседател на ЗРР Св.Апостол Петар“.
Димитриески смета дека за туристите би било интересно по каналот да пловат копии на стари чунови кои ќе носат туристи од центарот до Билјнини извори кои ќе бидат пратени со Охридска староградска музика. Според него на овој начин каналот би станал туристичка атракција, а не отпад со бродови и причина за уништување на флората и фауната.
Целта на сите здруженија е да апелираат до надлежните институции. Ние затоа апелираме до локалната и централната власт, затоа што тоа е и во нивната изборна програма да го реализраат тој проект и конечно еднаш за секогаш да се реши проблемот со паркирање на пловните објекти. Има многу локации како коритото на реката Сатеска, на реката Даљан, кај Грашница, потоа кај Подмоље каде веќе има бензиски пумпи и аеродром и некои екскузивни гости немора да ги носиме преку градот туку со специјални бродови може да ги однесеме на саканите дестинации“, истакна претседател на ЗРР Св.Апостол Петар“.
Димитриески се чуди зошто во сите изборни програми како приоритетен поект се става изградбата на Марина, а сеуште не е изградена. „Зошто сеуште се чека, ние апелираме под итно да се започне со тоа од каналот да се тргнат сите пловни објекти, да се прокопа каналот, да се осветли, да се реанимира флората и фауната која е уништена да се изградат некои содржни со цел каналот да стане атракција“ вели претседател на ЗРР Свети Апостол Петар“. Инаку според најавите уредувањето на едната страна од каналот Студенчишта, кој е пренатрупан со стари и нефункционални пловила, треба да заврши до следната туристичка сезона.
{loadposition content9}