Ќе се урива ли „Мостот на желбите?“
Министерството за транспорт и врски го објави Јавниот оглас за изработка на проектна документација за изградба на пешачка патека од охридскиот плоштад до црквата „Св.Јован Канео“ и поврзување со патека до плажата Лабино.

Проценетата вредност на проектната документација без ДДВ е околу 19.000 евра или 1,2 милиони денари.
Во рамки на делот за видот на договорот за јавна набавка пишува дека се работи за категоријата: Архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани научни и технички советодавни услуги; услуги за технички испитувања и анализа. Критериум за доделување на договор е најниската цена, а при постапката ќе се користи електронска аукција.
{loadposition content9}