Усеини: Моето место е обезбедено во идниот Совет
Продолжуваме од каде што застанавме. Ќе доизградиме, изградиме, всушност тоа го правиме 4 години наназат откако сум, советник во охридскиот совет, изјави Кујтим Усеин носителот на мултиетничката независна листа на граѓани.
Моето место во Советот е загарантирано, во тоа длабоко сум убеден, рече Кујтим Усеини, носителот на мултиетничката независна советничка листа на граѓани. Усеини потенцира дека овој период воопшто не го чуствува како кампања, бидејќи според него тој четири години бил во трка на реализација на проекти кои се од суштинско значење за жителите од Охрид и околината, во што добро се докажал со изградба на дел од коритото на реката Грашница. „Проектите продолжуваат сакам да обезбедам подобро утре на граѓаните посебно сакам да ги ангажирам младите“, вели Усеини. Дел од советниците зборуваа за историската шанса која им ја дал советникот Усеини, можност за влез на советник од египќаните.
„Реката Грашница се правеше во текот на овие 4 години, луѓето беа во поплави. Продолжуваме понатака се додека не го завршиме коритото. Имаме узурпирано место и ние како општина треба да го средиме за што имаме изработено и план од пред една година, предвидено е изградба на пат и корито. Сеуште не сме го постигнале својот максимум посебно на местата кои дури по 20 години се заостанати“.
„Упатувам апел до сите египќани да ја подржат оваа независна листа и за прв пат во историјата на независна Република Македонија да имаме советник егиѓќанец во Советот на град Охрид“.
{loadposition content9}