Skip to main content

Уште еден успех за ТвМ

Денес Нашиот медиум доби благодарница за придонес по повод големиот христијански празник Богојавление, кој што се одржува во Свињиште.

 |  Николовска Биљана  | 
blagodarnica
благодарница

Денес Нашиот медиум доби благодарница за придонес по повод големиот христијански празник Богојавление, кој што се одржува во Свињиште.

VodiciЗа се што ќе се случува на одбележувањето по повод овој голем христијански празник говорат мештаните, големите верници и иницијатори.

Празник над празниците. Големиот христијански празник Богојавление, Водици секое место го одбележува со своја специфика. Аманет на иницијативниот одбор на МПЦ на Аџиовски, е мештаните на селото Свињишта да продолжат да ја  негуваат традицијата на фрлањето на крстот во водите на реката Свињишка, кумството и бројните адети поврзани со светото крштение. Претседателот на здружението Богојавление од Свињишта Аце Климоски Аџиоски, најавува достојно одбележување, кое години наназад не ги остава рамнодушни сите кои присуствувале на овај настан.

Многу работи во Свињиште одат во нагорна линија, се гради се реновира доградува вели Климоски. Тој додава дека се исполнуваат и ветувањата на таткото на градот за изградба на пат до црквите.

За овој голем ден во Свињиште се собираат околу 1500 луѓе. Доаѓаат дури и од други континенти како што се Америка и Австралија. Во ова планинско село долго се зборува за оваа традиција а самото место е специфично, заради дабовата шума која го опкружува, која е и природен извор на исхрана на свињите по кои ова село го добило името тука се и валавиците по кои ова село е познато надалеку.


{loadposition content9}