Skip to main content

Филм

Успех на документарните приказни на Љушев

Уникатниот документарен филмски наратив на охриѓанецот Томе Љушев – Шпанец, му донесе грст пизнанија на неодмана одржаните фестивали.
 |  Голабовски Крсте  | 
Томе Љушев

Уникатниот документарен филмски наратив на охриѓанецот Томе Љушев – Шпанец, му донесе грст пизнанија на неодмана одржаните фестивали на аматерски краткометражен документарен филм во Валандово и Битола. Огромен е бројот на убавите македонски приказни кои чекаат да бидат раскажани од нашите синеасти, но потребна е поголема подршка од заедниците и државата.

Кратката документарна приказна за Демир Хисарското село Вирово, поточно за старите занаети кои се во изумирање, му донесе две златни и една сребрена плакета на охриѓанецот Томе Љушев – Шпанец. Неговиот краток документарен филм насловен едноставно како „Аманет“, на 51-от фестивал на аматерски филм, кој неодамна се одржа во Валандово во организација на Кино сојузот на Македонија и Народна техника, освои грст признанија од филмската фела.

Петнаесет минутниот филм посветен на младиот Ангел Петковски од селото Вирово насловен како „Аманет“, освои златни плакети за режија и монтажа и сребрена плакета во конкуренција на документарни филмови.

„Најзаслужен за филмов е младиот Ангел Петковски, детето кое живее таму и ги негува сите тие занаети. Значи свири на кавал, изработува кавали, работи на разбој, изработува килими, нешто што денес еден млад човек во македонија тешко може да се најде. Пишува поезија, еден е од членовите на КУД „Илинден“ од Демир Хисар.Дечково едноставно ги негува сите занаети, свири исто така на гајда, изработува ракотоворби од дрво“ раскажува Томе Љушев – Шпанец.

На Љушев му биле потребни три дена снимање и многу повеќе во делот на пост продукцијата, за да и даде душа на една од можеби најтешките форми во седмата уметност, краткометражниот документарен филм. Љушев претходно беше наградуван и на фестивалите „Камера 300 – Браќа Манаки“ во Битола и на меѓународните фестивали во Србија и Бугарија. Музиката на кавалот на Ангел, на Љушев му донесе награда на филмски фестивал во Србија.

На 30-сето издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“ во Битола, токму тој ги доби признанијата за најдобра режија, камера и монтажа како и плакетата на Уника за филмот „Трпејца“.

„Филмот претставува една репортажа за Трпејца, животот во трпејца и наследството, како живееле фамилиите во трпејца, како се занимавале со риболов, како преживувале, и за делот под Галичица и самите тие лигенди кои се раскажуваат“ – објаснува Томе Љушев – Шпанец.

Сам, помогнат само од неговиот внук, Љушев остава не само филмски запис кој ќе ги паметат учесниците на фестивалите и сите оние кои го сакаат автентичниот македонски документарен наратив, туку и сведоштво за животот на овие простори за идните генерации.