Водени спортови
Успешен финиш на III-та Меѓународна едриличарска регата
Викендов во водите се одржа III-та Меѓународна едриличарска регата, во организација на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг”- Охрид.
Викендов во водите се одржа III-та Меѓународна едриличарска регата, во организација на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг”- Охрид, поддржана од Едриличарската Федерација на Македонија, Општина Охрид и Агенцијата за спорт и млади.
Едриличарите своите вештини и знаења ги одмерија во три категории и тоа во класите „Оптимист“, „ILCA 4“ и „класата 470“ на регатното поле на потегот меѓу Градското пристаниште, Канео и Горица 1.
Пласманот по класи е следен:
Класа „Оптимист“
Генерален севкупен пласман, машки севкупен пласман и машки под 12 години
- Антони Зајац – Гдањски клуб Жегларски, Полска
- Камил Роман – Гдањски клуб Жегларски, Полска
- Петар Петров – Централен Софиски Јахт клуб, Бугарија
Женски севкупен пласман
- Андреа Чуркоска – ЕК Снегар, Струга, Македонија
- Анѓела Дракулиќ – ЈК Палиќ, Србија
- Александра Пупек -Гдањски клуб Жегларски, Полска
Жени под 12 години
- Мила Булатовиќ – Акватика Јахтинг, Охрид, Македонија
- Гала Булатовиќ – Акватика Јахтинг, Охрид, Македонија
- Сара Милеска – ЕК Снегар Струга, Македонија
Класа „ILCA 4“
- Мерт Љушо – ЕК Снегар Струга Македонија
- Берталан Молнар – ЈК Палиќ, Србија
- Георги Петров – Централен Софиски Јахт клуб, Бугарија
„Класа 470“
- Милош Илиќ/Драган Илиќ – Бродарски клуб Металац, Смедерево, Србија
- Данило Бешиќ/Никола Павиќ – Бродарски клуб Металац, Смедерево, Србија
- Славчо Мургоски/Матеј Симоноски – Акватика Јахтинг, Охрид, Македонија.