Skip to main content

Крводарителство

Успешна година за крводарителството во Охрид

По повод Денот на крводарителството и денот на Црвениот крст, беа доделени благодарници на најуспешните крводарители во Охрид и Дебрца.
 |  Голабовски Крсте  | 
Иво Милески

Охриѓанецот Иво Милески повеќе од сто пати во животот дарувал крв. Гестот кој започнал како младешка љубопитност, за брзо време прераснал во еден вид морална обврска. Милески рече дека вообичаено, по неколку пати во годината ја дарува својата драгоцена течност. Упатува апел до младите кои се во можност да го направат тоа.

„Давам една препорака до младите, гледајќи ме мене, после толку години, бидејќи здравствено немам никаков проблем, ако можат да си донираат крв. Ќе си проверат во трансфузилошките центри во Црвениот Крст, ќе си направат фактички една крва слика, еден здравсвтвен преглед, еднаш, два пати во годината, ако можат.„Тоа е некое чувство кое, не знам, ми прави големо задоволство. Јас и сега дарувам крв, последно дарував пред Нова Година, не знам кога беше. Чувството е прекрасно“ – вели Иво Милески – крводарител.

Изминатата 2022 година може да се оцени како навистина успешна година за крводарителството. Беа реализирани 16 успешни крводарителски акции, а собрани 1279 единици крв, со што беа задоволени потребите на пациентите на здравствените установи во Охрид и Дебрца, информира Сашо Точков, претседател на Општинската организација на Црвен Крст Охрид. Тој се заблагодари на се поголемата армија на хумани луѓе кои несебично продолжуваат да спасуваат животи дарувајќи крв. Радува фактот, вели Точков, што расте бројот на оние кои за прв пат даруваат крв.

„Она што нас не задоволува и не прави горди е бројот на 30% први дарители, или лица кои прв пат дарувале крв во 2022 година. Тоа е она што е иднината и е поттик и за младите и за останатите да бидат дел од ова големо хумано семејство.„Луѓе што се од 18-24, 25 години, тоа е она што охрабрува“ – Сашо Точков- претседател на Општинската организација на Црвениот Крст од Охрид.

Целта на организирање крводарителски акции и негување на крводарителството како еден од најхуманите гестови е да се задоволат потребите на пациентите во здравствените установи, потенцирра Точов. Не е целта да се соберат повеќе од потребно крвни единици кои потоа би се фрлиле. На ниво на држава се потребни околу 55 000 единици, а на ниво на држава се собираат 2000 повеќе околу 56-57.000, објаснува Точков. Денес по повод Денот на крводарителството и денот на Црвениот крст, во просториите на Општинската организација на Црвениот Крст од Охрид, беа доделени благодарници на крводарителите кои во минатата 2022 година кои исполниле, 5,10,25,50,75,100 крводарувања. ТВМ телевизија како еден од медиумите кои помогнале во промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебарца доби благодарница, заедно со голем број фирми, установи, институции кои исто така помогнале во мотивирање и анимација на луѓето во градот за да даруваат крв.