Skip to main content

Бебзедност на вода

Успешна летна сезона за спасителите на вода од Охрид

Дванаесет успешни интервенции на спасување давеници и повеќе од осумстотини интервенции за укажување прва помош.
 |  Голабовски Крсте  | 
Спасител

Дузина интервенции на охридските спасители на вода, од кои единаесет на активни давеници и една на пасивен давеник, е билансот пред самиот крај на оваа туристичка сезона во Охрид. Станува збор за сериозни интервенции, кои се завршија без фатални последици, истакна претседателот на О.О. на Црвен Крст од Охрид, Сашо Точков. Покрај тоа, охридските спасители на вода и парамедици спровеле и дополнителни 800 интервенции на укажување итна помош.

„Тоа не стимулира и понатака да продолжиме и да ја дефинираме оваа сезона како успешна, во делот на спасувањето. За жал, сите капалишта на ривиерата не беа покриени со спасители. Немавме на цело охридско крајбрежје, но едно десеттина плажи, со дваесет спасители беа покриени, од Св.Наум до Извидничкиот камп“, – кажа Сашо Точков – Претседател О.О. на Црвениот Крст од Охрид.

Точков објасни дека доплнителен број спасители биле ангажирани на повик на одредени групи, како на пример група полски туристи сместени во хотел „Силекс“, кои во два наврати побарале присуство на спасителна служба. Исто така, присуство на спасители побарале и сопственици на дел од бродовите кои пренесуваат туристи. Ова лето ќе остане запаметено и по големиот број на интервенции, кои биле директен резултат на непочитување на препораките за заштита од топлотните бранови, како и интервенциите кои биле поради резултат на метеоролошките појави, невообичаени за нашето поднебје.

„Имавме доста интервенции , можеби 70% од интервенциите се заради топлото време. И во тој период, во јули и почеток на август, кога имавме најтопло време, и тогаш имаше најголем број на интервенции. Сите беа завршени без проблем, но беа заради непочитување, влегување во вода без аклиматизација, конзумирање на алкохол, многу случаи каде млади луѓе конузмираа алкохол.„Бевме сведоци ова лето на неколку елементарни непогоди, временски непогоди, кои беа тешки, специфични и невообичаени за овој регион. Тоа е битен показател дека е многу важно да се има спасителна служба, која ќе може постојано да одговори во текот на целата година“, -објасни Сашо Точков – Претседател О.О. на Црвениот Крст од Охрид.

Веќе 15 години се прават напори за опремување со човечки и логистички капацитети на еден центар за спасување на вода, за кој веќе има и локација. Европската комисија е подготвена да вложи за тој ценатр, но и за брод амбуланта кој постојано би бил присутен во езерото, да може да ги опслужува и трите здравствените установи кои се покрај езерото, за брз пренос на пациенти, со цел спасување човечки животи.