Skip to main content

Успешно реализирано јавното приватно партнерство за осовременување на уличното осветлување во Охрид

Успешно  реализирано  јавното приватно партнерство за осовременување на уличното осветлување во  Охрид

 |  Валентина Неловска  | 
csi

Презентирани придобивките кои  Охрид ги доби по преземањето на чешката фирма ICS системи да го одржува  јавното улично осветлување. Претставници на компанијата и нивни соработници ги искажаа техничките поединости од функционирањето на јавното осветлување со лед светилките и реализацијата на проектот со јавно приватно партнерство помеѓу  чешката  фирма и општина Охрид. Од 2015 до денес, во првата фаза на реализација на одржување на јавното улично осветлување од страна на чешкиот партнер,  целосно се заменети 7627 лед светилки, инсталирани се над 460  автентични фенери во стариот дел на градот, поставени се над 100 рефлектори за осветлување на културно историските споменици и 50 подни лед рефлектори, истакна градоначалникот Никола Бакрачески.

csi  „ Она што за нас е важно е проширување на системот  за јавно осветлување со дополнителни 620 светилки кои претставуваат нова мрежа  и инсталација каде што градот ќе се урбанизара или ќе се инсталира учично осветлување онаму каде што досега немало светло“, истакна Бакрачески.

За техничките карактеристики и придобивки од лед светилките осврт даде менаџерот на компанијата Љибор Слатки. Слатки кажа дека ова осветлување  не само што е моден тренд во Европа и светот, туку е и погодно и од еколошки аспект. Некогаш единствен параметар беше интензитетот на осветлувањето и не се штедеше, но денес тоа се надоместува со нови еколошки решенија, се штеди енергија, подвлече Слатки.

„Не е потребно да се мисли само на функционално осветлување, туку и како се произведува електричната енергија и како се штеди. Не само на крај, туку и на почеток, со оглед на стаклената  градина и гасови“, напомена Слатки.
    
csiНа презентацијата на јавното улично осветлување беше присутен и Мирослав Рамеш, чешкиот амбасадор во РМ. Амбасадорот го истакна задоволсвото  што за осветлувањето на Охрид,  кој е дел од семејството на Унеско, се грижи чешка фирма како што е ИЦС.

„Чешка е веле сила во заштита на спомениците на Унсеко. Вашиот град е убав и заслужува такво осветлување, нешто посебно. Драго ми е што во тоа е присутна чешка фирма, истакна Рамеш.
   
Градоначалникот Бакрачески и  амбасадорот Рамеш укажаа дека оваа соработка е добар повод за унапредување на бизнис релации и помеѓу други домашни и чешки компании. Рамеш при тоа потенцира дека во јуни, Охрид ќе биде домаќин на форум  на претприемачи кои ќе ги претстават своите  капацитети за  бизнис соработки и во други области.