Успешно спороведена теренската активност за вакцинација на училишни деца против морбили
Многу мал е бројот на родителите кои одбиваат вакцинација на децат .Од вакциналната служба сега имаат целосен увид за состојбите со вакцинациите проив морбили за децата од 1 до 9- то одделение.
Заврши теренската активност за вакцинација на училишни деца против морбили која ја спроведе вакциналната служба при Здравствен дом Охрид. Директорите на сите општински училишта беа кооперативни во овој процес и добивме податоци за сите ученици од 1-во до 9-то одд чиј број изнесува 4020, инфромира д-р Соња Мариноска ,раководител на одделението за вакцинации. Со помош на патронажната служба се проверени вакциналните картони на сите деца. До училиштата беа испратени покани и формулари-изјави за родителите дали прифаќаат или одбиваат вакцини. Вакцинацијата се врши континуирано и немаме голем број на невакцинирани деца. И на терен се виде дека нема голем број невакцинирани деца , укажува д-р Мариноска. Како пример, во ОУ „Григор Прличев“ кое брои 1066 деца невакцинирани се само 8 до 10 деца.
Останаа невакцинирани уште 6 дечиња каде не се одбива вакцинацијата туку во текот на неделата ќе дојдат да примат вакцина. Дел поради моментална здравствена состојба, дел поради неможност родителот да ја потпише изјавата, информира д-р Соња Мариноска за состојбите од спроведената теренска вакцинација.
„ Многу мал е бројот на оние ротители кои одбиваат вакцинација. На пример, повторно ќе го земам ОУ„ Григор Прличев“. Тука имаме 4-ца родители кои одбиваат вакцинација. Уште еднаш ќе стапиме во контакт со тие родители кои не прифаќааат да го вакцинираме нивното дете а доколку и понатаму не се одзвијат на вакцината тогаш списокот на сите оние родители кои не прифаќаат вакцинација ќе го испратиме до Државниот санитарен инспекторат кој понатаму ќе постапува“, нагласува д-р Мариноска.
Со теренската активност беа опфатени и деца кои се од други градови но посетуваат настава во Охрид, како од Дебар, Кичево, и од странство. Ги прегледавме и нивните вакцинални картони. Имаме точна бројка за децата кои не се вакцинирани, а од септември ќе бидат првачина, а тоа се 26 деца“,укажува д-р Мариноска.
„ Тие деца повторно ќе се бараат, со покани за вакцинирање и ги очекуваме, бидејќи ние ги имаме податоците до денешен ден кои наполнуваат 6 години а кои не дошле на вакцина. Очекувам дека во наредниот период и тие дечиња ќе дојдат. А ако не дојдат се до уписот на училиште тогаш на почеток на школската година ќе се спроведе повторно теренска активност и ќе бидат опфатени и тие деца со имунизација“, напоменува раководителот на одделението за вакцинации, вели д-р Мариноска .
Во моментов бројот на заболени училишни деца од морбили е многу мал.
Во општина Охрид ширењето на морбилите е поалармантно за повозрасните граѓани. Поголем е бројот на возрасни луѓе заболени од морбили, најверојатно затоа што се со година на раѓање пред да се почне со вакцинација или кај оние кои поминал голем временски период од вакцинациајата.