Успешна 2013 -та година за студентскиот дом „Никола Карев“
Оваа државна установа ја заокружи 2013 –та година со реализација на сите зацртани проекти.
Подобар студенстски стандард и задоволување на потребите на студентите, се насоките кои беа следени во реализацијата на зацртаните проекти од страна на раководството на Државниот Студентски Дом “Никола Карев“ од Охрид. Маријан Ристески првиот човек на оваа државна установа, посочи дека зад нив е една навистина успешна година во која како една од најважните инвестиции е реконструкцијата на покривната конструкција, инвестиција која битно допринесе во подобрување на општите состојби во домот решавајќи еден долгогодишен проблем. Но тоа не е се.
“По опожарувањето на делови од студентскиот комплекс со што беше уништен дел од расположливата опрема, раководството на установата направи напори и обезбеди три индустриски машини за перење, сушење и пеглање како опрема за вешерајот кој работи во склоп на Домот“, додава Ристески.
Важен инфраструктурен зафат е и реконструкција на котларата на Домот, со која се обнови постојната опрема, каде со воведување на нови технологии за запазување на енергетската ефикасност, значително ќе се намалат трошоците за огрев. Ристески објасни дека мината година година е набавен и нов ситен инвентар за студентската кујна, како и нови постелнини за поголемиот дел од сместувачкиот капацитет.
“Минатата година се работеше и на подобрување во сместувачкиот дел од капацитетот. Стариот, дотраен мебел кој беше нефункционален за прв пат од постоењето на Домот беше заменет со нов. Беа набавени и распоредени по сите соби нови работни бироа, масички и наткасни така што драстично се подобрија условите за сместување во студентскиот дом“ објаснува директорот Ристески.
Но што е најважно, оваа државна институција ќе ја запамети минатата година по успехот кој е постигнат во сферата на нивното финансиско работење, па така според зборовите на Ристески во новата година влегуваат без ниту еден денар долг кон комитентите и добавувачите со кои работат.
„Редовно се исплаќаат обврските спрема своите комитенти и добавувачи, редовно врши исплата на платите и придонесите на своите вработени согласно сите законски норми. Против Домот не се води ниту еден судски спор што не беше случај во минатото“ потенцира Ристески.
Чесниот и домаќински пристап, системот на менаџирање кој се покажа како успешен ќе се искористат и оваа година вели Ристески, година во која се планира заменување на речиси половина од сместувачкиот инвентар во домот како и поставување на видео надзор. Во моментов во домот се сместени вкупно 190 студенти, додека во летниот период, оваа установа остварува значителен профит од комерцијалното работење со надворешни гости.
{loadposition content9}