Успешна 2022 за општина Охрид
Годината на заминување е успешна за локалната самоуправа, вели Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид. Година која ја одбележаа сериозна економска и енергетска криза за граѓаните и за функционирањето на локалната самоуправа. Градоначалникот има позитивна оцена за успешно сработените, планирани проекти во 2022 година.
„Предизвик е да се биде градоначалник на Охрид. Град со голема традиција, во кој многу треба да се работи за да се смени сликата за повеќе работи. Посебно во оние кои се предизвик за повеќето кои на некој начин живеат од туризмот“, вели Кирил Пецаков.
Од друга страна, градоначалникот на Охрид, нема позитива оцена за работата на Заедницата на едниците на локалната самоуправа како член на Управниот одбор. Не успеавме да се избориме за навремено да добиеме помош од централната власт. Се боревме за локалните самоуправи, за општините и граѓаните. Имавме доста проблеми во снабдувањето на електричната енергија, напоменува Пецаков.
„Имаше формирање на нови јавни претпријатија пуштени на регулираниот пазар врз основа на законите во Република Македонија , по број на вработени и правен годишен обрт. Не дозволија пријавените директори да го полагаат директорскиот испит , беа одземани ингеренции во образованието. Јавните претрпијатија кои живот значат за граѓаните, посебно во снабдувањето со вода и пречистување на отпадните води беа оставени на милост и немилост. Јас ќе кажам, генерално, како неуспешна година на Зелс“, кажува Пецаков.
Управниот одбор на Зелс немаше состаноци кои требаше да ги свика претседателката Данела Арсова. Се организираа состаноци од членовите на УО за којшто беше потребно да се обезбеди мнозинство од една третина. Можевме многу повеќе проекти да реализираме ако имавме поддршка која како локална самоуправа треба да ја добива од централната власт, напоменува Пецаков. Градоначалникот, сепак, има надеж дека 2023 година ќе донесе поубави моменти и реализација на бројни зацртани проекти за добробит на граѓаните од општина Охрид.