Успешна година за Охриски Комуналец
Малку обврски од финансиски аспект му останаа на ЈП „Охридски Комуналец“ кон доверителите и банките за 2014 година, обелоденува првиот човек на ЈП Елена Скрческа. Максималната ангажираност на вработените во 2013 година допринела ова ЈП редовно да извршува исплата на плати.
ЈП „Охридски Комуналец“ годинава што измина ја оценува како успешна. Тоа се должи на максималната ангажираност на вработените од сите работни единици на ова ЈП зедно со менаџерскиот тим, вели првиот човек на претпријатието Елена Скрческа.
„Ме радува фактот што за престојните новогодишни празници градот е преполн со гости, се надеваме дека уште поголем број на туристи ќе има за Божиќните празници за празникот Богојавление, со што нашите служби максимално ќе бидат ангажирани за хигиената во градот“.
Работата на ЈП, посебно деошла до израз за време на празниците, бидејќи како што потенцираше Скрческа, успеале хигиената да ја одржат на високо ниво, а парковите да останат уредени како што доликува на едно елитно туристичко место. Таа исто така се осврна на тоа за што ќе бидат фокусирани престојнава 2014 година.
„Сите оштетувања што беа направени во наредниот период ЈП ќе ги надополни ќе ги санкционира и нема да има никаков проблем во однос на изгледот на парковските површини. За 2014 година Охридски Комуналец ќе се фокусира на извршување пред се на редоивната дејност, она што е зацртано како инвестиција во наредниот период, тоа е набавка на новите возила и во хигиената и во зеленилото. И сакнционирањето во делот на финансиите, односно подобрување на обврските према доверителите и према банката“.
Скрческа тврди дека малку останало од долгот што го имало ЈП кон доверителите и банките, додака пак исплатата на тековните трошоци редовно се извршувало. Додаде дека точните и реални податоци околу долгот ќе бидат изнесени со завршната сметка на ЈП за 2013. Инаку она што според Скрческа е најважно, се нејзините залагања на вработените редовно да им се исплауваат платите бидејќи успехот на ЈП се должи на нивниот беспрекорен ангажман, во дејноста која ја обавуваат.
{loadposition content9}