Успешна операција за вградување тотална ендопротеза на колк со керамички компоненти кај 22 годишен пациент во „Св. Еразмо“

Во ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид успешно опериран 22 годишен пациент кај кого била вградена тотална ендопротеза на десниот колк со керамички компоненти.
Операцијата била изведена од страна на ортопедскиот тим во состав од: прим. д-р Томислав Петровски, д-р Атанас Поп-Стефанија, д-р Михаил Чачор, и анестезиолог д-р. Александар Веслиевски.
Пациентот со дијагноза на акутна лимфоцитна леукемија и претходно подложен на алогена трансплантација на хематопоетски матични клетки пред една година, развил аваскуларна некроза на колковите, која се манифестира со силни болки и ограничено движење.
Сега по операцијата пациентот се чувствува одлично и веќе е самостојно вертикализиран, информираат од болницата „Св Еразмо“