Skip to main content

Црвен крст Охрид

Успешна реализација на 50-от Општински натпревар по прва помош

13 екипи со преку 150 млади на 7 пунктови низ градот ги презентираа стекнатите знаења, вештини и техники за укажување прва помош .
 |  инфодеск  | 

На 50-от, јубилеен општински натпревар по прва помош, во организација на Црвен крст Охрид, учениците од основните и средните училишта од Охрид и Дебарца организирани во категории подмладок и младина се натпреваруваа во укажување прва помош. 13 екипи со преку 150 млади на 7 пунктови низ градот ги презентираа стекнатите знаења, вештини и техники за укажување прва помош .

Најуспешна, во категоријата подмладок беше екипата на ООУ “Св.Климент Охридски” , второто место го освои екипата на ООУ “Христо Узунов” , а трета беше екипата на ООУ “Св.Наум Охридски” – Пештани .

Во категоријата младина првото место и правото на учество на Регионалниот натпревар по прва помош, го освои екипата на ОСУ ” Св. Кирил и Методиј”, а второто место го освои екипата на ОСУ ” Св. Климент Охридски” – Гимназија .

За регуларноста на натпреварот и оценувањето на екипите се грижеа 15 судии (лекари, медицински сестри, парамедици на Црвен крст Охрид), а за реалниот приказ на сценаријата и „повредите“ на пунктовите се погрижи тимот за реалистички приказ на повреди, составен од 7 шминкери и 14 актери. 13 водичи, волонтери на Црвен крст Охрид ги водеа екипите по предвидените траектории и пунктови за укажување прва помош .

Во овој циклус на подготовка на учениците, со активно учество на менторите од секое училиште и волонтерите – тренери и инструктори по прва помош на Црвен крст Охрид, со најновите знаења, техники и вештини за укажување на прва помош се здобија преку 200 млади.

Во едукативниот и забавниот дел од натпреварот младите ги покажаа своите знаења за хуманитарното движење на Црвениот крст на пунктот за дисеминација преку квиз припремен од волонтерите на Клубот на млади, но и имаа можност да поразговараат за менталното здравје со екипата на ППП и да се позабавуваат со волонтерката Danielle Hamilton од Мировен Корпус.

Црвен крст Охрид изрази благодарност до сите волонтери, ментори, инструктори, тренери, судии, до основните и средните училишта и до сите кои ја помогнаа реализацијата на 50-от Општински натпревар по прва помош