Skip to main content

Успешно пливаме, но некому му пречи!

Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Билјанини извори“ да не се инволвира во политички игри.

 

 |  Лионела Јаковлева  | 
Ivan Cvetkoski
Иван Цветкоски
Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Билјанини извори“ да не се инволвира во политички игри, апелира првиот човек на оваа фирма.

Позитивните резултати од работењето на ова претпријатие на некого му бодат очи.

„Состојбата е оценета како катастрофална од страна на првиот човек на Ј.П за стопанисување со спортски објекти, Михајло Бајо, а господинот не е дојден ниту еднаш да не посети“, вели Иван Цветкоски, ВД директорот на „Билјанини извори“.

Цветкоски додава дека ако се реализираат најавите од страна на владата, спортските објекти повторно да се вратат под државна капа, а не под локална како што тоа беше во изминативе три години, работите ќе одат на полошо.

sportska sala„Додека имавме долгови и тешко пливавме никој не дојде да не праша како се снаоѓаме,  а сега кога застанавме на здрави нозе сите не сакаат.“ револтиран е директорот на Ј.П.С.С.О.  „Билјанини извори“.


Цветкоски најавува многу активности во наредниов период. Моментално се работи на санација на санитарните јазли кај фудбалските терени, за брзо време ќе се гради и атлетска подлога, а ќе се поставува и вештачка трева за хокеј. За летниот период се најавени повеќе договори со српски фудбалски клубови за закуп на фудбалските терени,  ќе гледаме европско првенство за кадети во ракомет, а за месец август повторно се најавува голем концерт со музичка ѕвезда од калибарот на Лени Кравиц.

 

 

 

{loadposition content9}