Skip to main content

Општина охрид

Успешно реализиран проектот Нашите првачиња

Средствата се обезбедени од буџетот на општина Охрид, во програмата за основно образование во вкупен износ од 1.626.000 денари.
 |  инфодеск  | 
Училиште

Општина Охрид успешно го реализира проектот Нашите првачиња.

Денес на сметките на 542 родители на деца запишани во прво оддделение во рамки на основните училишта во општина Охрид се исплатени по 3000 денари финансиска поддршка во рамки на проектот „Нашите првачиња“.

Средствата се обезбедени од буџетот на општина Охрид, во програмата за основно образование во вкупен износ од 1.626.000 денари.