Skip to main content

Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ на охридскиот аеродром

Со реализацијата на вежбата беа тестирани капацитетите за брза реакција, интер-институционалната координација и комуникација, како и способноста за ефикасно управување со кризни ситуации, со посебен акцент на заштита на патниците, персоналот и аеродромската инфраструктура.
 |  инфодеск  | 

На аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид успешно беше реализирана симулациската вежба „Сигурен хоризонт 2026 – двојна закана“, во организација на Секторот за полициски работи од општа надлежност при Бирото за јавна безбедност, во соработка со ТАВ Македонија.

Симулациската вежба се спроведе согласно Националниот план за постапување во вонредни состојби предизвикани од незаконско постапување против безбедноста на цивилното воздухопловство и имаше за цел тестирање на подготвеноста и координацијата на сите надлежни служби во услови на сложени безбедносни закани.

На вежбата присуствуваа директорот на Бирото за јавна безбедност, Александaр Јанев и заменик генералниот директор за операции на ТАВ Македонија, Перо Лупевски, како и претставници од повеќе институции вклучени во системот за безбедност и управување со кризни состојби.