Црвен крст Охрид со прекрасни изведби на новогодишни и божиќни песни, звонливите гласови на распеаните дечиња од детскиот хор при Културно-уметничкото друштво „Ѓердан од бисери“ и дечињата од „Распеано рибарче“, го најавија завршниот настан од нивната традиционална хуманитарна акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ кој вчера се одржа во комплексот KAM Village.
Пред бројните посетители настапи и музичкиот бенд на Црвен крст Охрид „HUMANE-ХУМАН“.
Преку оваа хуманитарна акција нашите хумани сограѓани имаа можност да ги исполнат новогодишните желби на повеќе од 50 дечиња што живеат во социјален ризик од Охрид и Дебрца.
Од Црвен крст Охрид изразуваат благодарност до нивниот партнер во оваа акција KAM Village, до сите основни училишта во Охрид и Дебрца за соработката и благодарност за учеството и поддршката во реализација на оваа акција на сите поединци, институциите, здруженија.
-Нека хуманоста и дарувањето биде ваш императив и во Новата 2025 година, -порачуваат од Црвен крст Охрид.