Успешните жени се доказ дека не треба да има родови предрасуди
Жените полека но сигурно докажуваат дека не постојат машки и женски професии. Се надминуваат стереотипите, родовите бариери, а успешните жени се доказ дека не треба да има предрасуди.
Важно е да се напомене дека расте и свеста во јавноста, се повеќе се признава и вреднува женскиот труд, а тоа го прават здруженијата на граѓани и меиумите. ТВМ телевизија 2023 година ја заокружи со дебатна емисија посветена на успешни жени од Охрид.
Сите во различни професии, амбициозни жени кои не се откажуваат од соништата. Успешни жени има во секое поле, во секоја професија, а тајната на успехот е велат пoсветеноста и трудот.
„Тајната на успехот, упорност. Првин да веруваме во себе и да се вложиме целосно во она што сакаме да го работиме. Инаку успехот е пропорционален со работата што односно трудот што го вложуваме во работата како и во секоја работа. Колку што се вложуваме толку толку и добиваме” – вели Павлина Шикалоска изработувачка на филигран.
Сања Бачески е жена која од Србија се пресели во Охрид, таа се занимава со една непозната професија произведува микробилки.
„Тајната е многу едноставна, мислам дека треба да истраеме во тоа што го работиме , не е секогаш лесно, некогаш сме доведени во ситуација да се ткажеме, ама токму во тој момент треба да бидеме храбри и да истраеме. Мислам дека тоа е најважно впрочем во било што во животот за да постигнеш супех во било што не треба да се откажуваш. Ред и дисциплина”,, вели Сања Бачески производител на микробилки.
Мејк ап артисктаката Мери Бајрамоска е позната по бројни награди на полето на козметиката и женската убавина.
„За мојот успех јас би кажала дека е резултат на посветеност, рпофесионалност и пожртвуваност. Никогаш не сум штедела ниту време, ниту енергија, ниту љубов за да стигнам до ова денес. Знаете како успехот никогаш нема да ви дојде сам, вие треба да го пресретнете, дури и некоја шанса да ви затропа на врата мора да станете и да ја отворите. Нема ништо така паднато од небо”, вели Бајрамоска.
Храброст , смелост, истрајност и желба за успех се клучните пораки од нашите соговорнички. Целата емисија Прашалник може да ја погледнете на Јутуб каналот на ТВМ телевизија.
Новинар Соња Рилковска