Од Црвен крст Охрид информираат дека остануваат уште 5 дена за исполнување на новогодишните желби на децата од социјално загрозени семејства, во рамки на хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ во организација со Ohrid mall.
–Се заблагодаруваме на сите кои зеле волшебен новогодишен лампион и ја исполниле желбата напишана во него, обезбедувајќи го подарокот и доставувајќи го истиот во Црвен крст Охрид или во аптеката Виафарм во Ohrid mall. Оние кои избрале волшебен новогодишен лампион, а сеуште подарокот не го доставиле во Црвен крст Охрид или во аптеката Виафарм во Ohrid mall, ги замолуваме тоа да го направат во текот на наредните неколку дена, а најдоцна до 23.12.2025 (вторник), до 15 часот, велат од Црвен крст Охрид.
Инаку, доделувањето на новогодишните подароци на децата од ранливите категории ќе се реализира на 25.12.2025, (четврток), од 13 ч., на предновогодишната забава во Ohrid mall.