До 15 јуни 2022 трае повикот за кандидати за обука за спасители на отворени води. Обуката која е во рамките на подготовките за претстојната летна сезона ја организира Црвен крст Охрид.
Сите оние млади, хумани луѓе кои се на возраст од 18 до 35 години и успешно ја завршат осумдневната обука за спасители на вода, ќе се стекнат со меѓународно признаен сертификат за спасител на вода и ќе бидат дел од Единицата за безбедност на вода при Црвен крст Охрид која се грижи за безбедност на корисниците на капалиштата на Охридското езеро, соопштуваат од Црвен крст Охрид.
Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:
- да се на возраст од 18-35 години (да достават соодветен доказ-лична карта, извод на родени).
- да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт.
- да достават потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар / здравствена установа.
Кандидатите можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов 52, Охрид, секој работен ден од 9-15 ч., на телефоните 046261909 и 070315309 или со пополнување на електронската пријава на линкот: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSds7dg44K1xj6_W7GlxMYnKIStb6S3bYvVjT2bkePsvjTpsZg/viewform .