Skip to main content

Охридските генијалци

Уште еден голем успех на Центарот БОБ – Црвен крст Охрид

Генијалците од БОБ-Црвен крст Охрид освоија 18 трофеи, 13 златни  и 8 сребрени медаљи на Државен натпревар.
 |  инфодеск  | 

На VII-от Државен натпревар на учениците кои ја следат Бреинобреин програмата, кој се одржа вчера, (5.11.2023) во Скопје, во конкуренција од 229 натпреварувачи од 9 центри во Македонија, 39  БРЕИНОБРЕИН ГЕНИЈАЛЦИ од Центарот за развивање вештини БОБ-Црвен крст Охрид освоија 18 трофеи, 13 златни  и 8 сребрени медаљи, со што  уште еднаш се потврди дека Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид е најуспешен во Македонија.

На ПРЕСС средба со учесниците на VII-от државен БРЕИНОБРЕИН натпревар од БОБ-Црвен крст Охрид  центарот ќе бидат  презентирани освоените награди и ќе се изнесат повеќе детали од  натпреварувањето.