Уште една, трета по ред кривична пријава за поранешниот градоначалник на Охрид
Покрај него, кривични пријави добиле и поранешен директор на јавното претпријатие „Билјанини извори“ и претседателот и членови на управниот одбор на претпријатието.
„Поранешниот градоначалник и поранешниот директор на јавното претпријатие „Билјанини извори“, спротивно на Законот за градежно земјиште и спротивно на одлуките на Советот, донесле одлуки за издавање на времен закуп од пет години на 308 паркинг места во централното градско подрачје на приватен закупец. Воедно пријавениот поранешен градоначалник и поранешен директор, извршиле влијание врз претседателот и членови на управниот одбор на ЈП „Билјанини извори“, да овозможат донесување на одлука со која се намалува висината на тогашната цена за закуп на паркинг просторот во централното градско подрачје во корист на приватниот закупец. Со тоа пријавените го оштетиле јавното претпријатие за околу 1.400.000 денари.“-изјави Стефан Димоски-Портпарол на СВР-Охрид.
{loadposition content9}