Skip to main content

НУНП Галичица

Уште една успешна работилница за Граѓанска наука во Национален парк Галичица

Процесот на Граѓанска наука активно се спроведува неколку месеци во Национален парк Галичица, а бројот на активни волонтери постојано се зголемува.
 |  инфодеск  | 
НП Галичица

Успешно реализирана 4-тата работилница за Граѓанска наука Национален парк Галичица во рамки на проектот Натура 2000. Процесот на Граѓанска наука активно се спроведува неколку месеци во Национален парк Галичица, а бројот на активни волонтери постојано се зголемува.

“Бројката на активни волонтери ги надмина нашите очекувања, што е доказ дека навистина можеме заеднички да придонесеме кон подобро управување во НП Галичица.“– велат од НУНП Галичица.

Со теренски активности, во присуство на експерти се истражува одреден локалитет во НП Галичица. На вчерашната , четврта по ред работилница се приклучија експертите: академик д-р Владо Матевски, проф. д-р Рената Ќуштеревска, проф. д-р Митко Костадиновски, проф. д-р Александра Ц. Ѓорѓиевска, д-р Методија Велевски, Сара Цветаноска, Ангела Иванова и Богољуб Стерјовски и го направија уште поуспешен процесот Граѓанска наука.