Skip to main content

Уште три охридски плажи издадени под краткотраен закуп

Останатите плажи, според неодамнешните најави на Министерот Миле Јанакиевски, ќе останат слободни за користење.

 |  Голабовски Крсте  | 
plaza
плажа

На денес спороведеното електронско јавно наддавање, кое се одржа во Мин. за транспорт и врски,  од 10те плажи за кои се лицитираше само три добија концесионер.

plazaТака за најповолни понудувачи на електронското јавно наддавање беа избрани: за плажа бр. 5 – правното лицe „Горица 05“ кое понуди вкупно 678.330 денари за закуп на плажата, за плажа бр.8 – правното лице „Биба груп“ кое понуди вкупно 371.340 денари за закуп на плажата,  за плажа бр.9а – правно лице „Маредо“ кое понуди вкупно 333.540денари за закуп на плажата.

Најповолните понудувачи за закуп на плажите се должни истите да ги уредат  согласно насоките и упатствата што подразбира уредување на плажите согласно сите туристички стандарди – поставување на сервисен пункт, тушови, санитарни јазли, лежалки и други реквизити и содржини за пријатен престој на туристите, како и попесочување на плажите.

plazaИсто така, согласно насоките и упатствата за уредување и користење на плажите, закупецот е должен да овозможи слободен влез за посетителите т.е. да не се наплаќа надоместок за плажата, а при планирање на просторот, треба да се води сметка 40% – 60% од плажата да бидe слободна за користење без оптоварување со лежалки и други реквизити.
Инаку на јавното наддавање одржано пред еден месец под закупи беа дадени други 5 плажи на Охридско Езеро.
Без концесионер останаа уште 7 плажи за чија судбина ќе треба да се произнесе МТВ. Ресорниот министер Миле Јанакиески неодамна изјави дека доколку некоја од плажите не биде издадена под закуп, таа ќе остане слободна за користење односно никој нема да може со неа да стопанисува.

{loadposition content9}