Skip to main content

Усвоен ребалансот на буџетот на општина Охрид

Усвоен ребалансот на буџетот на општина Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
седница
седница

Советниците го изгласаа ребалансот на буџетот на општина Охрид. Тој сега тежи околу 13 милиони евра иако во јуни со првиот ребаланс беше дополнет и планиран на 19 милиони и 500 илјади евра. Советниците дискутираа за тоа каде се потфрлило при проектирањето на буџетот.

Oпозицијата побараа во иднина да се има поголема сериозност во однос на проектирањето на буџетот. Како несериозен зафат го потенцираа планиарното кредитно задолжување од 3 милиони и 300 евра на општината. Тие пари беа проектирани при ребалансот во месец јуни. Овие пари беа планирани со кредитно задолжување преку Министерството за Финансии и Светска банка, но парите сеуште ги нема на општинското конто.
седница
Ацо Китрозоски, раководителот на секторот за финасии и буџет  кажа дека многу е тешко да се направи реална проекција на буџет. Охрид е многу сецифична општина каде што долгот  го попречува секое реално планирање на ставките во буџетот.

Советникот Љубомир Чаулев пак кажа дека при ребалансот во јуни се потфрлило во предвидувањето на  приходите  од  комуналии од градежното земјиште.

Советниците од позицијата го усвоија и амандманот поднесен од Сашо Донев  за социјална помош на ранлива категроија граѓани во висина од 100.000 денари. Со таа ставка ќе располага градоначалникот  и средствата ќе бидат доделувани во натура. Оваа точка предизвика бурни реакции од страна на опозицијата. Тие ова постапка ја отценија како популистичка и лицемерна.

Инаку, буџетот за 2013 година беше првично проектиран од претходната локална власт  и тежеше 16 милиони евра. 

{loadposition content9}