Skip to main content

Југозападен плански регион

Усвоена листа со рангирани проекти

За 15 проекти ќе се аплицира кај домашни и меѓународни донатори. Приоритет се поставување на фотонапонски панели на јавни објeкти, подобрување на енергетска ефикасност и реконструкција на патна инфраструктура со цел подобрување на туристичката понуда во регионот.
 |  Валентина Неловска  | 
Санација на ударни дупки во Вевчани

Советот на Југозападниот плански регион ја прифати Годишната приоритетна листа со проектни идеи. Тие се предложени и рангирани од претставници од општините, бизнис секторот, образовни и научни установи, јавни претпријатија кои учествуваа на циклус одржани форуми, информира Мирјана Лозаноска, директорка на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Форумот прифатил и рангирал 15 проектни предлози во интерес на граѓаните. За првите три проекти ќе се обезбедуваат средства од Бирото за регионален рамномерен развој во висина од 58 милиони денари, напоменува Лозаноска.

Фотоволтаици

Поставување на фотонапонски панели на јавни обејкти, подобрување на енергетска ефикасност во Југозападниот плански регион и реконструкција на патна инфраструктура со цел подобрување на туристичката понуда се изготвени концепти и се работи на изготвување на техничка документација. Општините ќе аплицираат проекти во Бирото за регионален развој за средства од програмата за рамномерен регионален развој“ , кажува Лозаноска.

Согласно програмата, во следниот месец, треба да се комплетираат документите со проектни апликации. Тие се составен дел и во согласност со Законот за регионален развој и Годишната проектна листа за регионот, напоменува директорката на ценатарот за Југозападнито плански регион. За останатите рангирани проекти, пак ќе се бараат средства од други извори, подвлекува Лозаноска. На оваа листа, меѓу приоритетните проекти, но на подолната скала се најде и проектот за решавање на проблемот со кучињата скитници.

Охрид

„Останатите проекти од 4 до 15 позиција, Центарот ќе аплицира кај другите извори на финансии, кај линиските министерства или кај странски донатори. Ова е меродавна листа усогласена со Акцискиот план за реализација на Програмата за развој“,појснува Лозаноска.

Советот на Југозападниот плански регион составен од градоначалниците на општините од овој регион го прифатија акцискиот план за реалиција на проекти претходно изготвен од учесниците во форумот. Според законот, советот може доколку не се согласува со рангираните проекти да го изменат редоследот , но измени на рангирањето на проекти нема.