Skip to main content

Усвоена одлука за спречување на хаосот со паркирањето околу станбените згради

На идните инвеститори им се забранува во проектите за градбење да  планираат систем на дигалки на кат. Во пракса се случува  фиктивно да се предвидуваат паркинг места при градењето станбени објекти, а во реалноста да не ги изведуваат.     

 |  Валентина Неловска  | 

Охридските советници едногласно ја усвоија предлог одлуката за начинот и постапката за регулирање на паркирање во рамките на градежните парцели. Со оваа одлука општината ќе го спречува урбаниот хаос при паркирањето на возилата на улиците и тротоарите. Индивидуалните инвеститорите во проектите досега планираа систем на дигалки на кат за да обезбедат доволен број на паркинг места за возилата во зградите, а во пракса тоа го злоупотребуваа. Така на пример, за 40 паркинг места тие обезбедуваат 20 паркинг места и прикажува на проектите дека ќе стават дигалки на кат, но во стварност не ги изведуваа и се јавува проблем со паркирањето на возилата, појасни градоначалникот Константин Георгиески.

Со оваа предлог одлука го забрануваме употребувањето на дигалки, предвидувањето во проектите и фактичките паркинг места кои треба да ги обезбедат на други начини, а не на вакви фиктивни начини. Ова е крупна и важна одлука во интерес на средување на урбаната состојба, во интерес на граѓаните на Охрид“.

Оваа одлука ќе важи од денот на донесување, затоа што има инвеститори кои платиле комуналии и надомест за уредување на градежно земјиште и добиле одобренија и не може да се спречат да градат.

„Затоа предлагам во член 4 да се дополни освен за постапката за кои се измирени средствата за надоместок за уредување на градежно земјиште заклучно со денот на носење на оваа одлука. Оној кој платил комуналии да добие одобрение до денес или денес платил комуналии да добие одобрение за да не ја носиме општината во судски спорови. Сите други ќе мора да си ги усогласат проектите“.

Советничката Марија Попоска, во овој контекс, предложи до Советот да се најде законско решение со кое инвеститорите во иднина да не може да градат станбени објекти без лифт. Животот без лифт е комплициран и е потреба за разни категории граѓани, посочи советничката од редовите на СДСМ.